Најмалку 220 жртви во племенски судири во Судан

Од:

Најмалку 220 луѓе се убиени во племенските конфликти во Судан кои траат веќе два дена, соопштија денеска локалните власти.

Конфликтот во провинцијата Син Нил, која се граничи со Етиопија и Јужен Судан, повторно избувна на почетокот на овој месец поради спорот за земјиштето меѓу племето Хауса и народот Берта.

Тензиите ескалираа во средата и четвртокот во градот Вад ел-Махи на границата со Етиопија, соопшти Министерството за здравство на Синиот Нил.

Се верува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи медицинските екипи не можеле да стигнат до местото на судирите.

Десетици луѓе се повредени.

– Сите губат во такви конфликти. Се надеваме дека тоа ќе заврши наскоро и никогаш повеќе нема да се повтори. Но, потребни ни се силни политички, безбедносни и цивилни интервенции за да се постигне таа цел, соопшти суданското Министерство за здравство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

CBS: 11 мртви, повеќе од 300.000 евакуирани во пожарите во Лос Анџелес

Русија: Соборен е украински Су-27, загинаа повеќе од 580 украински војници

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени

Горан Наумовски