Во судири во Фалуџа и околината, кој се наоѓа во близина на ирачкиот главен град Багдад, загинаа најмалку 22 лица, а 36 се повредени, изјави денеска докторот од главната градска болница Ахмед Шами.
Според племенскиот лидер Махмуд ал Зоаје, судирите започнале вчера и траеле неколку часа.
Тој истакна дека биле нападнати северниот, јужниот и централниот дел на Фалуџа, додека истовремено ирачките безбедносни сили се судриле со антивладини борци во северниот и јужниот дел на градот.
Од почетокот на годинава, кога екстремистите ја презедоа контролата врз Фалуџа, во судирите во овој град загинаа повеќе од 350 луѓе.