Најмалку 22 лица се повредени при земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, што се случи денеска во провинцијата Јунан во југозападна Кина, јави ИТАР-ТАСС.
Жариштето на потресот бил на длабочина од 12 километри, а епицентарот во округот Инцан, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар.
Според Американскиот геофизички институт потресот бил со јачина од 5,9 степени, а неговиот епицентар во близина на кинеската граница со Мјанмар.