Најмалку 22 лица загинаа при уривање на ѕид за време на свадба во Индија, соопшти локалната полиција.
При инцидентот што се случил во западниот дел на Раџастан, на 200 километри јужно од Њу Делхи, се повредени 28 лица.
Уривањето на ѕидови во Индија е честа појава, бидејќи високата побарувачка и слабата контрола ги принудуваат градежниците да ги прекршуваат стандардите за безбедност и да користат неквалитетни материјали.