Најмалку 22 лица беа убиени и 67 повредени во серија напади, извршени вечерва во мало временско растојание во ирачката престолнина Багдад.
Координираните напади, од кои повеќето со автомобили-бомби, беа извршени претежно во трговски реони.
Повеќето од осумте експлозии одекнаа во шиитски квартови, една – во квартот Дура, а друга во центарот на Багдад.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но тие носат знак на Ал каеда. Сунитски бунтовници, меѓу кои ирачкиот огранок на терористичката мрежа, водат кампања за дестабилизирање на владата доминирана од шиитско мнозинство.