Најмалку 20 лица, повеќето ученици, најверојатно загинаа во Замбија, кога брод во кој се наоѓале, потонал во текот на прославата на „златната“ годишнина од независноста на земјата, објавија државните медиуми.
Бродот, на кој се наоѓале тројца наставници и 21 ученик, потонал во езерото Кариба, на југот од земјата, објави државната агенција ЗАНИС, повикувајќи се на извори од полицијата.
Наставниците и децата од Основното училиште „Хенга“ од Гвембе, патувале до друго училиште на националната прослава по повод 50-годишнината од прогласувањето на независноста на Замбија од Велика Британија.