Најмалку 20 луѓе загинаа во ракетен напад во Фалуџа

Од:

Најмалку 20 лица, од кои три деца загинаа при гранатирање на домовите во западниот ирачки град Фалуџа, јави ДПА.

Во нападот повредени се 32 луѓе. Се уште не е познато кој го извел нападот.

Фалуџа се наоѓа на околу 60 километри од Багдад. Во градот во последните месеци се водат борби меѓу ирачките безбедносни сили и цихадистите од Исламска држава. Болнички извори наведуваат дека изминатата година во Фалуџа од ракетни напади загинале најмалку 1.900 цивили.

Ирачката Влада денеска соопшти дека вооружени напаѓачи синоќа убиле тројца сунитски свештеници, а тешко повредиле уште двајца свештеници во Басара. За нападот врз свештениците се уште никој не презел одговорност.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак