Најмалку 20 лица загинаа, меѓу кои осум деца, откако експресен воз удри во моторизирана рикша во северниот дел на Индија, соопшти локалната полиција.
Возот се движел со полна брзина кога удрил во рикша на премин во индиската сојузна држава Бихар.
Сите 20 жртви се од исто семејство. Во несреќата најмалку две лица се тешко повредени. Премиерот на Индија Нарендра Моди на „Твитер“ изрази сочувство на семејствата на загинатите.