Најмалку 19 жртви во два бомбашки напади во Ирак

Од:

Најмалку 19 лица се убиени, а 65 повредени денеска во двоен бомбашки напад на просториите на курдска партија и зграда на безбедносните сили во Џалавли, североисточно од Багдад, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека во утринските часови бомбаш самоубиец пред седиштето на Патриотската унија на Курдистан во Џалавли, 125 километри североисточно од Багдад, активирал експлозив со бил врзан. Неколку минути подоцна, автомобил бомба експлодирал во близина на зградата на безбедносните сили.

Меѓу жртвите е висок полициски службеник и четворица негови телохранители. Во експлозиите се оштетени неколку куќи и автомобили.

Патриотската унија на Курдистан е партијата на ирачкиот претседател Џалал Талибани, кој моментално се наоѓа на лекување во Германија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак