Најмалку 19 лица загинаа и над 100 се повредени денеска во железничка несреќа во западниот дел на Индија.
Локомотива и четири патнички вагони излетале од шините во близина на станицата Роха, на 110 километри јужно од Мумбај, соопшти Анкуш Шинде од локалната полиција.
Според портпаролот на железницата 123 патници се повредени, меѓу кои има и потешко повредени.
Причината за несреќата се уште не е позната. Движењето на возовите привремено е прекинато.