Најмалку 19 загинати во железничка несреќа во Египет

Од:

Два вагони на воз што превезувал нови армиски регрути, излетаа од шините во предградие јужно од Каиро, при што загинаа 19 лица, а 107 се повредени. Според Министерството за здравство најверојатно бројот на жртвите ќе се зголеми.

Возот патувал од Горен Египет за Каиро, а излетал од шините во близина на предградието Гиза Бадрашин.

Египетските патишта и железница се во лоша состојба и со ниско ниво на безбедност.

Најстрашната железничка несреќа во Египет се случи во 2002 година, кога во пожар во воз загинаа 363 лица.

Според египетските медиуми во 2010 година во железнички или сообраќајни несреќи во земјата животот го загубиле над 7.000 лица.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет