Најмалку 19 лица загинаа, а 20 се повредени во стампедото што утринава се случи на мост во близина на железничката станица Елфинстон во Мумбај.
Според очевидци, стампедото се случило откако неколку жени се лизнале на скалите од мостот. Лизгањето било предизвикано од обилните дождови што го зафатија овој крај.
Индиските власти соопштија дека е можно бројот на починати да расте.