Најмалку 19 лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати откако тајфунот Буалој го погоди Виетнам, соопшти Министерството за земјоделство и животна средина на земјата.
Во прелиминарниот извештај од министерството се вели дека 88 лица се повредени, објави VNA.
Виетнамскиот премиер Фам Мин Чин потпиша официјална наредба со која се повикува на итна акција за помош на луѓето погодени од разорувањето предизвикано од тајфунот и последователните поплави.