Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вчера во централниот дел на Мексико загинааа ајмалку 19 лица, а тројца се повредени, јавија локалните власти.
Западните медиуми јавуваат дека несреќата се случила на патарина во близина на градот Чалко, на автопатот што Суидад де Мексико го поврзува со Пуебло, на 110 километри јужно од главниот град.
Камион со полна брзина налетал на поворка од шест возила, од кои повеќето се запалиле. Меѓу погинатите е и возачот на камионот, се наведува во соопштението на КАПУФ, Државната агенција за управување со патиштата.