Најмалку 19 лица загинаа денеска во серијата напади со автомобили-бомби во шиитски квартови во Багдад, соопштија претставници на силите за безбедност и медицински извори.
Седум автомобили-бомби избувнаа во различни квартови. Во нападите има 59 повредени.
Две од возилата беа разнесени во близина на полициска станица.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но во минатото вакви напади во квартови со мнозинско шиитско население ги организирале бунтовници сунити.
Во напади во Ирак секојдневно загинуваат во просек 25 лица, ниво блиско до тоа од 2008 година, коха земјата едвај закрепнуваше од крвавиот верски конфликт по американската инвазија од 2003 година.