Најмалку 18 лица загинаа во вчерашниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Од:

Најмалку 18 лица загинаа во вчерашниот земјотрес со јачина од 6,7 степени кој ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопштија локалните власти.

Земјотресот се случи во оддалечена планинска област, околу 600 километри од главниот град Порт Морзби. Потоа беа регистрирани и два последователни потреси со магнитуда од над 5 степени по Рихтеровата скала, кои ги принудија луѓето да ги напуштат своите домови поради стравување од свлечишта.

Блокираните патишта, пукнатини на аеродромски писти и прекинатата комуникација ги отежнуваат напорите на властите при утврдувањето на бројот на жртвите и доставата на помош за загрозените лица..

На 26 февруари, во голем земјотрес во истата област загинаа повеќе од 70 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба