Најмалку 18 цивили убиени од локални милиции во Конго

Од:

Најмалку 18 цивили се убиени од локални милиции додека се криеле во црква во источниот дел на Конго, јавуваат очевидци и локални групи за човекови права. Нападот се случил вчера наутро во областа Баниари де Кило, во зафатената од конфликт Итури провинција, додека жртвите спиеле во помошните згради на црквата.

Нападот, според еден од очевидците, е дело на Кодеко, една од локалните милициски групи, кои се активни во источниот дел на Конго, каде повеќе декади се води конфликт за територии и ресурси.

Борците на Кодеко имаат убиено стотици цивили и во последните месеци целат кон кампови на раселени лица.

Армијата на Конго распореди сили во провинцијата Итури и соседната Северен Киву, но сепак насилствата не запираат. Околу 60 луѓе се убиени во февруари во напади, за кои армијата и други извори тврдат дека се дело на Кодеко групата.

„Работиме … на враќање на мирот во провинцијата Итури. Овие милиции повторно ги напаѓаат раселените лица, кои немаат начин да се одбранат“, изјави портпаролот на армијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска