Најмалку 173 лица убиени вчера во Египет

Од:

Најмалку 173 лица се убиени вчера во Египет, главно при жестоките судири меѓу приврзениците на соборениот претседател исламист Мухамед Морси и силите за безбедност, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство. Ранети биле 1.330 лица.

Во центарот на Каиро биле убиени 95 лица, а 596 биле ранети во цела престолнина.

Еден од синовите на лидерот на „Муслиманско братство“, Мухамед Бадија е меѓу вчера убиените, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на политичкото крило на исламистичкото движење – Партијата за слобода и правда.

Амар Бадија (38) бил застрелан додека учествувал во протестот на плоштадот „Рамзес“ во центарот на Каиро.

Самиот Мухамед Бадија е однесен во непознат правец. Против него на 25 август ќе почне процесот по обвинение за поттикување кон насилство.

Претходно неделава во протест беше убиена ќерката на Мухамед ел Белтаги, еден од лидерите на „Муслиманско братство“.

Египетската полиција денеска продолжи со апсењата на високо позиционирани претставници на исламистичкото движење.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет