Најмалку 17 лица загинаа во поплавите што изминатата недела ги погодија областите во североисточна Индија.
Според локалните медиуми, обилните врнежи дожд во регионот предивикале нагло зголемување на нивото на водата во реките во државите Асам, Мизорам и Трипура и свлечишта. Со поплавите погодени се најмалку 425.000 луѓе.
Властите организираа кампови за привремено сместување на бегалците од невремето и им укажуваат помош на повредените.