Најмалку 16 лица загинаа, а 75 се повредени во стампедо за време на прославата на шиитскиот празник Ашура, во градот Карбала, соопшти ирачкото Министерство за здравство, пренесе ДПА.
Портпаролот на министерството, Сеиф ал Бадр, вели дека овие бројки се првични, пренесе ирачката агенција ИНА.
Десетици илјади муслимани шиити секоја година на овој празник се поклонуваат во светиот град Карбала, каде се одбележува годишнината од смртта на имамот Хусеин, еден од внуците на пророкот Мухамед.