Најмалку 16 убиени во серија бомбашки напади во Ирак

Од:

Најмалку 16 лица загинаа денеска во серија бомбашки напади во Ирак, соопштија ирачките власти.

Најсмртоносните напади се случиле во мнозинскиот сунитски кварт на Багдад, Дори, каде, според полицијата, четири лица загинале кога две бомби експлодирале во фреквентен трговски реон.

„За време на утринските часови во истиот кварт во експлозија на три бомби загинале пет лица, додека десет се повредени“, соопшти полицијата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за тие напади.

Како што соопшти полицијата, бомбаш самоубиец убил пет војници и ранил осум кога се разнел на контролен пункт Мишад, оддалечен 30 километри од Багдад.

Полицијата додаде дека во експлозија на бомба покрај пат на околу 50 километри од Багдад загинале двајца војници кога биле во патрола, додека ранети се уште петмина.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он