Стејт департментот синоќа потврди дека најмалку 16 службеници на американската амбасада на Куба чувствуваат последици од таканаречениот „свучен напад“ и претрпеле сериозни оштетувања на слухот, пренесоа американските медиуми.
-Можеме да потврдиме дека најмалку 16 службеници на американската влада, членови на нашата амбасада, имаат некои симптоми, изјави портпаролката на Стејт дипартментот, Хедер Науерт.
Такви инциденти веќе не се случуваат, но САД не ја лоцираа направата што ги предизвикала симптомите кај вработените, нити ги идентификува одговорните, додаде таа.
Кон крајот на минатата године персоналот на американската амбасада и еден канадски државјанин почнаа да чуствуваат последици од нешто што државниот секретар, Рекс Тилерсон, го нарече „напад врз здравјето“.
Според американски официјални претставници, дипломатите биле изложени на некој вид акустично оружје во инцидент за кој Науерт рече дека е „без преседан“.
Детали за повредите не се објавени, но Си-Би-Ес њуз наведува дека најмалку едно лице претрпело „оштетување на мозокот“.
-Многу сериозно ја сфаќаме оваа ситуација, рече Науерт.
Некои од 16-те службеници се уште се наоѓаат на Куба, а некои се вратија во САД, рече таа и додаде дека кубанските власти соработуваат во истрагата за овој инцидент.