Најмалку 14 демонстранти и еден полицаец се убини во немирите денеска во Египет, додека државата одбележува четврта годишнина од револуцијата во 2011 година, која доведе до соборување на режимот на долгогодишниот лидер на земјата Хосни Мубарак.
Девет происламски демонстранти се убиени во судири во Каиро, а останатите во медитеранскиот град Александрија, соопшти медицински претставник.
Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека демонстрантите со огнено оружје убиле еден полицаец во судирите во северниот дел на Каиро.
Во централниот дел на Каиро, полицијата користела огнено оружје и солзавец за растурање на стотина демонстранти кои се обиделе да маршираат на Плоштадот Тахрир, центарот на бунтот пред четири години.
Претходно двајца екстремисти се кренаа во воздух во обид да саботираат еден електричен столб во делтата на Нил, а полиацец е повреден во експлозија на бомба во главниот град. Одговорност за експлозијата презема џихадистичката група Аџанд Муср.