Најмалку 15 загинати во два одвоени бомбашки напади во Ирак

Од:

Најмалку 15 лица загинаа денеска во два одвоени бомбашки напад на полициски контролни пунктови во Ирак, соопшти ирачката полиција.

Првиот напад е извршен во Јусифијах, јужно од Багдад, каде бомбаш самоубиец со автомобил полн експлозици удрил во контролен пункт. Во напад загинале тројца полицајци и четири цивили, а повредени се 21 лице.

Вториот напад е извршен во близина на градот Самара, откако бомбаш самоубиец со возило полно експлозиви удрил во контролен пункт држен од полиција и вооружени шиити. Во нападот животот го загубиле осум лица, додека 23 се повредени.

Во Ирак речиси секојдневно се случуваат бомбашки напади, чија цел во најголем дел се шиити и државните безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак