Најмалку 15 уапсени при антокорупциска акција во Португалија

Од:

Португалската полиција во текот на вчерашниот ден уапси 15 лица за време на голема полициска акција против корупцијата, перењето на пари и трговијата со дрога, јавија денеска португалските медиуми.

Според полициски извори, меѓу уапсените се и двајца полициски началници.

– Еден од уапсените е главен инспектор, а друг е пензиониран службеник во судската полиција, сопшти истиот извор.

Уапсените мажи при акцијата се на возраст меѓу 39 и 61 година. Тие се осомничени за активна и пасивна корупција, перење на пари и трговија со дрога.

Во вчерашната операција учествувале 250 полицајци кои извршиле околу 120 претреси низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија