Шведската полиција соопшти дека најмалку 15 лица се повредени при пожар што избувнал изминатата ноќ во еден од најголемите бегалски кампови во Шведска, во близина на градот Ванерсборг.
– Двајца повредени се пренесени во болница на лекување бидејќи скокнале од прозорецот на вториот кат со цел да се спасат од огнот, а вкупно 15 лица побарале помош оти вдишиле чад, изјави портпаролот на локалната полиција.
Тој прецизираше дека сигналот за пожарот пристигнал во 4.15 часот, по локално време.
Пожарникарските служби го изгаснале пожарот, а причината за него засега не е позната.