Најмалку 15 луѓе загинаа при ракетирање на пазарот во Ал Бабу

Од:

Во ракетен напад врз пазарот во Ал Бабу, северна Сирија, загинаа најмалку 15 луѓе, а десетина се повредени.

Нападот во Ал Бабу се случи откако пред неколку дена при турски воздушен напад загинаа 11 сириски војници и курдски борци.

Сириската опсерваторија за човекови права за нападот во Ал Бабу ги обвини сириските владини сили, истакнувајќи оти тоа е одмазда за турскиот воздушен напад.

Турција од 2016 година започна три големи прекугранични операции во Сирија и контролира поединечни делови во северниот дел на Сирија, меѓу кои и Ал Бабу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски

40 тела на луѓе кои биле мачени до смрт од режимот на Асад се најдени во болница во Дамаск

Редици за леб во Дамаск: Повеќето дуќани не се отворени, проблем е и лекот поради затворените аптеки

ВИДЕО: Бутновниците прогласија полициски час во Дамаск

Катерина Ѓуровски