Најмалку 14 загинати во три експлозии во Багдад

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а 18 се повредени во три експлозии во шиитски населби во Багдад, соопштија денеска ирачките власти. Во две експлозии на автомобил бомби на пазар во Садр Сити, во североисточниот дел на Багдад загинаа најмалку 11 лица, а 18 се повредени.

Според локалните медиуми, меѓу повредените е и едно седумнаесетгодишно момче. Во третата експлозија во населбата Камалија загинаа три лица, соопшти полицијата. Засега се уште никој не презема одговорност за нападите, но самоубиствените напади и нападите со автомобил бомби се препознатливи за ирачкото крило на Ал Каеда.

Тензиите меѓу сунитското малцинство и шиитското мнозинство, што сега управува со Ирак, достигнаа највисоко ниво ниво по повлекувањето на американските сили од земјата во декември 2011 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак