Најмалку 14 загинати во Сана при воздушен напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија

Од:

Најмалку 14 цивили, меѓу кои жени и деца, загинале минатата ноќ во реонот Фаџ Атан во околината на јеменскиот главен град Сана при воздушен напад извршен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи продолжуваат да вадат тела под урнатините на зградите.

Високиот комесаријат на ОН за човекови права побара независна истрага на воздушниот напад од страна на коалицијата врз хотел во Сана претходно оваа недела, при што загинаа над 30 луѓе, како и на други два напада, во кои се убиени цивили.

– Ги потсетивме сите инволвирани страни во конфликтот, вклучувајќи ја и коалицијата, дека имаат обврска целосно да го гарантираат почитувањето на меѓународните хуманитарни закони, изјави портпаролката на ОН за човекови права, Лиз Тросел.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен