Најмалку 14 руски работници загинаа кога автобус излетал од патот во Црно Море

Од:

Најмалку 14 лица погинаа на југот од Русија, кога утринава автобус, во кој се наоѓале градежни работници, излетал од патот и паднал во Црно Море.

Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации во Краснодар, јави дека се спасени 24 лица, од кои осум заради повреди се префрлени во болница.

Автобусот со кран бил извлечен од морето.

Како што претходно пренесоа западните медиуми, од местото каде автобусот слетал од патот до морето имало четири метри.

Руските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, наведуваат дека непочитување на сообраќајните правила најверојатно е причина за несреќата.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија е подготвена за обновување на дијалогот со САД

Песков: Никој нема да има корист од поништувањето на Договорот со Украина

Русија изрази официјален протест до военото атеше на Турција

Емир Латифовиќ

Во руската област Курск забрането лекување на децата од мали сипаници

Емир Латифовиќ

Се активира вулканот Шивелуч на Камчатка

Емир Латифовиќ