Најмалку 13 лица загинаа во пожар во џамија во Јангон, соопшти полицијата во Мјанмар.
Пожарот е резултат на краток спој и не е поврзан со криминални активности, изјави полициски претставник. Според него во џамијата во источниот дел на Јангон се наоѓале 75 сирачиња, од кои повеќето успеале да се спасат откако полицијата ја разбила вратата.
Според локалните медиуми поголемиот број од жртвите се деца. Пожарот се случил во муслиманско религиозно училиште.
Огнот бил неутрализиран од пожарникаски екипи.