Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети во израелско бомбардирање на Кан Јунис

Од:

Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети денеска во израелски воздушен напад врз Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, соопштија здравствените власти во палестинската енклава.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека бомбата паднала во близина на шаторската област во која се сместени раселените семејства на улицата Атар во Кан Јунис, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска, официјални лица известија дека 13 Палестинци биле убиени во израелското бомбардирање на централниот и јужниот дел на Појасот Газа, меѓу кои и најмалку две деца.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад