Десет цивили и тројца армиски деминери загинаа во експлозија што настанала при деминирање на бомба поставена од бунтовниците од Ал Каеда во јужен Јемен.
Инцидентот се случил во селото Тибн во провинцијата Лахиџ и повредени се 13 луѓе. Бомбата се деминирала без да биде обезбедено местото, така што имало и цивили на местото на несреќата.
Експлозивната направа била оставена во близина на затвор.