Најмалку 12 земји сакаат да се приклучат во БРИКС

Од:

Најмалку 12 земји изразија интерес за членство во БРИКС, глобалната асоцијација за економска и политичка соработка.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров.

Лавров рече дека интересот за членство во организацијата составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка е доста голем, пренесува ТАСС.

„Интересот за оваа глобална асоцијација е доста голем и продолжува да расте“, рече Лавров за време на средбата со неговиот индиски колега Субрахмањам Џаишанкар.

Лавров додаде дека Алжир, Аргентина и Иран се меѓу земјите кои ја изразиле својата желба.

Би можело да ве интересира

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Лавров: САД почнуваат подобро да ја разбираат позицијата на Русија

Лавров: Русија и САД постигнаа договор за создавање услови за обновување на целосната билатерална соработка

Москва и Вашингтон се договорија да започнат процес за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Лавров не знае што ќе направи Европа на преговарачка маса за да се реши прашањето за војната во Украина

Лавров оди во Ријад на разговори со Американците