Најмалку 12 лица загинаа во лизгање на земјиште при што е затрупан автобус во северозападна Колумбија, во провинцијата Рисаралда, соопштија денеска колумбиските власти.
„За жал, 12 лица загинаа, петмина се спасени, а спасувачите работат на извлекување на останатите тела од автобусот“, изјави Виктор Мануел Тамајо, гувернер на Рисаралда.
Официјални лица велат дека во автобусот имало 25 патници.
Колумбија е погодена од обилна дождовна сезона, под влијание на временскиот феномен Ла Нињо, а досега загинаа повеќе од 216 лица, 48 лица се уште се водат како исчезнати, додека 538.000 луѓе останаа без своите домови поради несреќи предизвикани од врнежите.
Извор: МИА