Најмалку 12 повредени во обид за напад со дрон врз саудиски аеродром

Од:

Најмалку 12 лица се повредени во обид за напад со дрон на меѓународниот аеродром Абха во југозападна Саудиска Арабија, јави новинската агенција Анадолија.

Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, за интервенции и поддршка на меѓународно признатата јеменска Влада соопшти дека саудиската воздушна одбрана пресретнала и уништила беспилотно летало што се движело кон аеродромот Абха.

Од остатоците на урнатото беспилотно летало во близина на аеродромот биле повредени 12 лица. Станува збор за цивили од различни националности.

Саудиската агенција СПА јави дека се преземени редовните безбедносни мерки и дека сообраќајот на аеродромот е нормализиран

Слични напади на аеродромите во Саудиска Арабија досега изведуваше проиранската бунтовничка јеменска група Хуси, но засега тие не ја презедоа одговорноста за последниот напад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД