Најмалку 12 ирачки војници загинаа, а десет други се ранети денеска при напад врз армски пункт во северен Ирак, соопшти полицијата.
Непознати напаѓачи истрелале противтенковски гранати врз армиски пункт во Мосул.
Нападот е извршен само неколку часа откако во Мосул беше застрелан полициски полковник.
Во Ирак во последните месеци е зголемено насилството и речиси секојдневно има напади врз припадници на безбедносните сили и шиитите цивили.
Насилството е интензивирано и пред парламентарните избори, што треба да се одржат на 30 април.