Најмалку 11 жртви на насилство во Конго

Од:

Најмалку девет цивили и двајца војници загинаа во новиот бран на насилство во Демократска Република Конго, соопштија локалните власти.

Тела на девет цивили биле пронајдени во провинцијата Северен Киву, соопштија локалните власти, додавајќи дека тие биле држени како заложници од бунтовниците на Обединетите демократски сили (АДФ).

Од 5 ноември во напади на оваа бунтовничка група убиени се повеќе од 500 цивили.

Во друг судир во соседната провинција загинале двајца војници.

Бунтовниците на АДФ се сметаат за виновни за убиство на илјадници луѓе во изминатите пет години во источниот дел на Конго кој е богат со руда и каде дејствуваат многу бунтовнички групи.

Би можело да ве интересира

Екстремисти упаднаа во затвор во Конго и ослободија 900 осудени

А1он

Најмалку 50 млади лица загинале во хаварија во рудник за злато во Конго

Во Конго во моментов има епидемија на Ковид-19, чума и ебола

Жарко Настоски

СЗО: Еболата се шири во западно Конго

Ана Ололовска

Пет жени мелески од Конго ја тужат Белгија за злосторства против човештвото

Ана Ололовска

Конго прогласи крај на епидемијата на ебола на истокот од земјата

Жарко Настоски