Најмалку 11 лица загинаа во експлозија што денеска се случи во магацин за петарди во јужниот дел на Индија.
Локалната полиција соопшти дека пред експлозијата избувнал пожар во магацинот кој се наоѓа во едно село во индиската држава Теленгана.
Според полицискиот комесар, телата на жртвите изгореле до непрепознатливост, а петмина од повредените се хоспитализирани.
Причината за несреќата не е позната.