Најмалку 11 луѓе загинаа, а 17 се водат за исчезнати откако тајфунот Лајонрок ја погоди северна Јапонија. Поради невремето отсечени се 1.600 лица, соопштија денеска локалните власти.
Во градот Иваизуми во надојдените реки загинаа 10 лица, од кои деветмина во еден дом за стари лица. Уште едно тело е пронајдено во близина на старскиот дом, додека еден човек загина во градот Куџи.
Тајфунот, со ветер со брзина над 160 километри на час во вторникот го погоди северниот јапонски брег на Тихи Океан.