Најмалку 11 цивили загинаа во израелските напади врз Деир ал Балах

Од:

Најмалку 11 цивили, претежно деца и жени, загинаа во израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, додека голем број луѓе се ранети, објави палестинската новинска агенција Вафа.

Медицински извори соопштија дека 11 цивили биле убиени кога израелски воени авиони нападнале семејна куќа во населбата Бешара во центарот на Деир ал Балах.

Во саботата, локалните здравствени власти во Газа објавија дека израелските сили извршиле, како што велат, „седум масакри на семејства во Појасот“, што резултираше со смрт на 63 цивили и ранети 112 лица во претходните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа