Најмалку 100 лица загинаа при потонувањето на траект во Ирак

Од:

Бројот на жртвите во несреќата на реката Тигар, крај Мосул, се зголеми на 100 лица, претежно жени и деца кои славеле курдска Нова година и доаѓање на пролетта, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Најсмртоносната несреќа во Ирак во последните години се случи кога десетици луѓе се качиле на траектот, кој прво се навалил на едната страна, а потоа и се превртел, заробувајќи ги луѓето под тешкото, рамно дно на користото.

Претседателот на ирак Бахрам Салех и премиерот Адел Абдел Махди допатуваа во Мосул за да се информираат за текот на потрагата по телата на настраданите, која е во тек.

Според неименуван функционер, до несреќата дошло поради комбинација на високиот водостој на реката Тигар и пренатрупаност на траектот.

Судот издаде налог за апсење на сопственикот на бродот и уште други осум лица, кои на некој начин биле одговорни за траектот.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак