Најмалку 10 загинати при воздушен напад во Јемен

Од:

Меѓу 10 и 15 цивили загинаа денеска при воздушен напад на авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, врз станбена зграда во реонот на јеменскиот град Таез.

Како што објавија локалните медиуми, веста за нападот врз зградата ја потврдиле и владините сили и шиитските бунтовници.

Бунтовниците соопштија дека при нападот во градот Сало, кој се наоѓа југоисточно од Таез, загинале најмалку 10 лица, а седум други се ранети.

Меѓутоа, лекар од една локална болници во изјава за западни медуими соопшти дека во нивната установа биле донесени тела на 15 загинати лица при нападот.

Воздушниот напад доаѓа во време кога во реонот околу Таез, кој е трет по големина град во Јемен, се водат жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен