Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелски напад врз училиште во Газа

Од:

Израелските сили денеска нападнаа училиште во Шеџаја, градот Газа, при што загинаа најмалку 10 лица, известија палестинските служби за итни случаи.

Ал Акса, телевизијата на милитантната група Хамас, објави дека дури 15 лица загинале во нападот, кој се случи додека израелските сили продолжија да се борат против палестинските борци во различни делови на Појасот Газа, пренесе Ројтерс.

Израелската војска соопшти дека цел на напад биле борци кои оперирале во комплекс во училиштето за кое, како што рече, се користи како засолниште за командантите и борците на Хамас.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад