Ју-Ес-Еј тудеј – Тусон
Ако прашате некој Швајцарец кој е нивниот претседател, најверојатно нема да можат да ви одговорат. И не затоа што тие се политички апатични или неинформирани. Во Швајцарија граѓаните не гласаат за претседател.
Да ве воведеме во чудниот швајцарски бренд на директна демократија. Во оваа мала алпска држава, граѓаните избираат нов парламент на секои четири години, а парламентот избира група од седум советници од различни партии. Тие се шефови на државата. Претседателствувањето (кое е воглавно симболична улога) ротира помеѓу тие членови секоја година. Но камен темелникот на швајцарската демократија е редовното организрање на референдуми, на кои граѓаните гласаат за се, од нов спортски центар во нивниот град до емигрантската политика на нивната земја.
Ова е прилично поттикнувачка идеја затоа што, како што објаснува Мајкл Бехтел, професор по политички науки на Универзитетот во Сент Гален, во директната демократија постои „силна инцијатива кај политичките елити да ги земаат предвид преференсите на граѓаните кога го прават изборот“. Ова можеби звучи како лек за движењата како што се Окупирај го Волстрит, но ова е всушност комплексен систем, со свои предности и со недостатоци.
Референдумите им даваат на граѓаните политичка изедначеност. Тие исто им дозволуваат да изразуваат различни политички ставови. Една личност може истовремено да биде и проеколошка и против геј браковите. А гласањето е лесно: нема потреба да се регистрирате, секој граѓанин за секој изборен процес добива гласачко ливче, кое може да биде вратено по пошта. Изборната излезност зависи воглавно од темата, но просечно, таа изнесува околу 46 проценти.
А одлуките не се конецчни. Ако некој закон е веќе донесен, луѓето сеуште можат да го оспорат со собирање на 50 илјади потписи во рок од 100 дена. Потоа предлог законот треба да биден ставен на гласање во јавноста. А ако тоа не е доволно, швајцарските граѓани исто можат да предложат нивен закон со „народна иницијатива“. Ако 100 илјади луѓе бараат промена на уставот, парламентот е обврзан да дискутира за тоа и да даде предлог за јавно гласање.
Но секако дека постојат и стапици. Народните гласови можат да доведат до тиранија од мнозинството, со што лесно ќе бидат дискриминирани помалите групи. Во 2009 година, еден закон на референдум беше донесен со 57 проценти во корист на забраната за изградба на минариња – кули на џамиите – дури и кога владата недвосмислено се спротивстави на забраната. Овој систем исто така го забавува процесот на донесување закони и отежнува да се застане на иста страна со меѓународните пресуди, како оние на Европската унија.
Дали и други нации можат да имаа корист од директната демократија? Можеби, но предусловите за тоа се на високо поставена летвичка. Покрај тоа да се биде добро образуван избирач со основни неотуѓиви права, тие исто така мора да можат да ги познаваат и другите партиски ставови. „Се се сведува на тоа колку им верувате на вашите сограѓани“, вели Клаус Дингверт, политички научник и предавач во Институтот за јавни политики.
Извесно е дека Швајцарците си веруваат едни на други. А зошто и да не? Овој систем им функционира уште од 1848 година.