Најголема вина за потонувањето на „Коста Конкордија“ е на капетанот

Од:

Најголема вина за потонувањето на луксузниот брод „Коста Конкордија“ е на капетанот Франческо Скетино, но екипажот и сопственикот на бродот се виновни за низа пропусти, одложувања и кршење на безбедносните мерки, се наведува во извештајот на судските вештаци.

Во извештајот на 270 страници за несреќата, во која загинаа 32 лица, вештаците укажуваат на низа проблеми, од спорниот маневар на капетанот, до отежнатата евакуација следена од нејасни упатства за членовите на екипажот, кои не ги разбирале наредбите и не биле обучени за реагирање во кризни ситуации.

Вештаците истакнуваат дека сопственикот на бродот „Коста Конкордија“ го одложувал информирањето на крајбрежната стража за итна реакција, што денеска компанијата го демантираше.

Луксузниот брод „Коста Конкордија“ потона на 13 јануари во близина на брегот на Тоскана, поради скршнување од курсот, при што загинаа 32 лица.

Капетанот Франческо Скетино и уште осум лица се наоѓаат под истрага.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он