Најбогатиот романски пратеник има над 22 милиона евра на своите сметки

Од:

Над 22 милиона евра има на сметките на најбогатиот романски пратеник, пишува денеска весникот „Гандул“, кој ги анализирал анкетните листови за имотната состојба на пратениците.

Триесет и шест годишниот пратеник од владејачката Социјалдемократска партија, Себастијан Гица освен милионите на својата сметка, поседува и уметнички дела во вредност од 13 милиони евра, како и накит и часовници за околу четири милиони евра.

Од анкетните листови за имотната состојба се гледа дека друг пратеник од Социјалдемократската партија поседува најмногу имоти. Зису Станчу има 70 земјоделски имоти и 12 живеалишта, од кои 11 станови во Букурешт.

И други пратеници од различни парламентарни групи се изјасниле дека поседуваат десетици имоти и станови, како и банкарски сметки со милиони евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година