Најавена средба на претседателите на Кина и Тајван

Од:

Во Сингапур утре ќе се сретнат претседателите на Кина и Тајван, Си Џинпинг и Ма Јинг-џеу, јавија кинеските медиуми.

Првите луѓе на Пекинг и Тајпеј, кои се во лоши односи цели 66 години уште од завршувањето на Граѓанска војна во Кина во 1949 година, ќе имааѕ историска средбам, чија цел е подобрување на билатералната соработка.

Овој неочекуван состанок, според многумина аналитичари, ја потврдува политиката за постепено помирување меѓу Кина и Тајван, кои во минатите седум години успеаја да договорат директни меѓусебни летови, ги решија транспортните несогласувања и заедно го подобрија туризмот во двете земји.

Истовремено, многумина кои ја познаваат состојбата околу кинеско-тајванските односи, истекнуваат дека двете страни можат да платат висока цена за средбата, која се остварува на само два месеци пред претседателските избори во Тајван.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио