Ирачките сили денеска ја завршија операцијата за преземање на контролата над сите нафтени полиња, со кои управува државната нафтена компанија Норт Оил (North Oil) на подрачјето на Киркук.
Ирачките сили денеска го презедоа надзорот над нафтените полиња Баи Хасан и Авана, северозападно од Киркук, откако претходно ги зазедоа полињата Баба Гургу, Џамбаз и Кабаз, соопшти претставник на ирачката војска.
Властите во Багдад соопштија дека на нафтените полиња се работи нормално.
Полињата пред тоа беа под контрола на курдските безбедносни сили Пешмерга, но тие се повлекоа од тоа подрачје соочени со напредувањето на силите на ирачката централна власт.