Над сто лица повредени во нередите во Мексико

Од:

Над сто лица се повредени во нередите што се случија во неколку области на Мексико сити за време и по свеченото преземање на должноста на новиот претседател Енрике Пења Нијето, а 92 демонстранти се приведени, соопшти денеска градоначалникот на главниот град на Мексико, Марсело Ебрард.

Според него, меѓу повредените има и демонстранти и полицајци.

Група демонстранти кои предизвикаа судир со полицијата ќе бидат процесуирани во градското обвинителство, рече Ебрард.

Обвинителот на Мексико сити Хезус Родригез рече дека насилните акции ги организирале анархисти, а дека сега се води истрага за вмешаност и на членови на други групи.

Инаугурацијата беше проследена со протестни акции на опозицијата која не ги признава резултатите од гласањето на изборите во јули годинава, според кои Пења Нијето освои 38,21 отсто од гласовите на избирачите.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба